Симеоне со празни раце, Витоло останува во Севилја

Раководството на Севилја заврши огромна работа убедувајќи го својот капитен Антонио Витоло да остане во Андалузија и да потпише нов договор со оваа екипа. Во изминатиот период Витоло беше поврзуван со преселба во Атлетико Мадрид, дури и се шпекулираше дека овој клуб поради забраната за трансфери ќе го прати на позајмица во Лас Палмас до јануари 2018, но во последен момент дојде до пресврт во ситуацијата.

Имено, новиот тренер Беризо успеа да го убеди својот капитен да остане, по што Витоло се согласи да го стави својот потпис на новиот петгодишен договор со Севилја. Во него има и клаузула според која крилниот фудбалер би можел да си замине од следното лето, но за отштета од 50 милиони евра.

Челниците на Севилја по трансферот на Муриел од Сампдорија договорија уште едно засилување. Станува збор за Гвидо Пизаро, 27-годишниот играч за врска кој доаѓа од мексиканскиот прволигаш Тигрес за сума од шест милиони евра. Воедно, договорениот трансфер на левиот бек на Астон вила, Амави, пропадна откако фудбалерот не го мина задолжителниот пекарски преглед.

Се вчитува...