Симеоне: Суарез ќе го чекаме до последен момент

Фудбалерите на Атлетико Мадрид вечерва од 21 часот ќе се сретнат со Баерн Минхен во рамките на 5. коло од групната фаза во Лигата на шампионите, а Диего Симеоне се уште не знае дали ќе може да смета на Луис Суарез за дуелот со Баварците.

Уругвајскиот напаѓач засега нема добиено негативен резултат за коронавирусот, и ќе помине уште еден тест до мечот на стадионот „Ванда Метрополитано“.

„Овој вирус е многу чуден. Луис Суарез ќе биде тестиран денес. Чекаме да видиме што ќе каже тестот, и ако биде негативен, се надеваме дека тој ќе се приклучи на тимот. Суарез е многу важен за нас и ќе го чекаме до последен момент”, изјави Диего Симеоне.

Атлетико има само пет бода по првите четири кола во групната фаза од ЛШ и мора да оди на победа на дуелот со Баерн. Добра вест за Симеоне е што гостите се значително ослабени со неиграњето на Левандовски, Нојер, Горецка и Толисо.

Се вчитува...