Симеоне: Уште верувам дека можеме во финале

Атлетико Мадрид доживеа убедлив пораз (3-0) на „Сантијаго Бернабеу“ од Реал Мадрид, во првиот полуфинален меч од Лигата на шампионите. По ова, тимот на Диего Симеоне ќе има ѓаволски тешка задача да ја надомести на реваншот пред своите гледачи. Но, аргентинскиот стратег верува дека тоа, сепак, е можно.

„Фудбалот е прекрасна игра, затоа што ништо не е завршено. Секогаш може да се случи чудо. Затоа и јас се уште верувам дека Атлетико Мадрид може да биде дел од финалето на ЛШ во Кардиф. Едно знам, бидете уверени во тоа, јас и моите фудбалери ќе се бориме до последниот свиреж на судијата и на реваншот“, изјави Симеоне, признавајќи дека синоќа Реал Мадрид беше подобар противник.

Се вчитува...