Симеоне во свој стил – доби прашање за Реал Мадрид па си замина од прес-конференцијата (ВИДЕО)

Манечстер Сити закажа дуел со Реал Мадрид во полуфиналето од Лигата на Шампионите откако во главниот град на Шпанија ремизираше без голови против Атлетико па предноста стекната на домашен терен беше доволна за пласман меѓу најдобрите четири тима во Европа.

Мечот го отслика тензична атмосфера која покрај на „зелениот терен“, продолжи и во тунелот пред соблекувалните каде дивееа Црногорец и Хрват, а не помина во најдобар можен ред ниту на прес-конференцијата за медиуми каде Диего Симеоне во знак на револт ја напушти салата.

Прво аргентинскиот стратег беше запрашан за изјавите на Гвардиола пред натпреварот за стилот на игра на Атлетико по што следеше карактеристичен одговор.

„Не ме интересира кој што ќе каже за мене, без разлика дали тоа е добро или лошо. Луѓето со богат вокабулар се доволно интелигентни да те фалат и во исто време да те презираат. Но, ни ние не сме глупи и покрај тоа што можеби нашиот вокабулар е помал“, изјави Симеоне.

А, потоа тренерот на Атлетико Мадрид доби прашање дали би му дал совет на Реал Мадрид како да игра против Манчестер Сити, прашање кое според реакцијата на Симоне воопшто не го засега. Искусниот стратег кратко изјави „никогаш не би го направил тоа“, по што стана и си замина од салата.

Се вчитува...