Симеоне за критиките за играта на Атлетико: „Не ми е гајле што мислат другите“

Диего Симеоне ги коментираше критиките кои стигнаа на негова адреса за играта за натпреварот против Манчестер Сити. Неговиот тим во првиот дел играше „бункер“ и не му дозволи на противникот да шутира.

Сепак, во вториот дел тимот на Атлетико прими гол во вториот дел, и го загуби натпреварот, а стигнаа многу критики за играта на шпанскиот првак со оглед дека Симеоне во првиот дел играше со некоја нова формација 5-5-0.

Симеоне кажа дека не го интересираат критиките.

„Не можам да ги оценувам мислењата на другите. Треба да се фокусираме на слендиот натпревар. Во сабота играме со Мајорка, тим на кого му требаат бодови. Имаме тежок натпревар на терен каде што е секогаш тешко да се игра“, рече Симеоне.

Се вчитува...