Симеоне: Задоволство е да се гледа како игра Ливерпул

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне најавува тежок натпревар против Ливерпул во третото коло од Лигата на шампионите. Атлетико вечерва од 21 часот ќе се сретне со Ливерпул во третото коло од групата Б.

Менаџерот на „јорганџиите“ не штедеше комплименти за противникот, па само нагласи дека е задоволство да се гледа како игра Ливерпул.

„Вистинско задоволство е да се гледа Ливерпул. Напаѓаат, не се плашат да остават простор зад себе. Имаат многу брзи играчи. Салах е неверојатен, тој е на исклучително високо ниво веќе неколку години. И со враќањето на Ван Дајк, тие повторно се силни во одбраната“, изјави Симеоне.

Последен пат двата тима се сретнаа во осминафиналето на елитното натпреварување минатата сезона, а шпанскиот тим славеше со вкупен резултат 4-2.

Се вчитува...