Симиќ: Шансите против Македонија се 50-50

Репрезентацијата на Црна Гора ќе биде вториот противник на Македонија во групата А на Европското ракометно првенство во Унгарија и Словачка.

Голманот на Црногорците и член на германскиот Мелсунген Небојша Симиќ вели дека шансите за победа против „црвено-жолтите“ на неговата репрезентација се педесет-педесет.

„Добро ја познаваме Македонија. Одигравме неколку контролни натпревари со нив, на последната и победивме со гол разлика. Мислам дека шансите на тој натпревар се 50-50. Тие имаат подолг континуитет на настапи на големит натпреварување и ракометот им е спорт број еден во државата, но мислам дека имаме реални шанси за добар резултат“, изјави голманот на Мелсунген, Небојша Симиќ.

Покрај Црна Гора, Македонија во групата која ќе се игра во унгарски Дебрецин ќе се сретне и со Словенија и со актуелниот светски шампион Данска.

Се вчитува...