Симиќ уште три години во дресот на Тиквеш

Раководството на РК Тиквеш заврши одлична работа успевајќи да го осигура потписот на капитенот на екипата Страхиња Симиќ, кој и во иднина ќе продолжи да ги брани боите на кавадаречкиот суперлигаш. Со новиот договор, Симиќ ќе остане во Тиквеш до јуни 2026 година.

Српскиот ракометар пристигна во Тиквеш од АСОБАЛ-лигата во сезоната 2020/21 и веднаш се наметна како лидер на екипата, улога во која одлично се снаоѓаше и оваа сезона. Тој досега има одиграно 79 натпревари во дресот на Тиквеш, постигнувајќи 359 погодоци.

*Оваа сезона Страхиња Симиќ гордо ја носи капитенската трака на своето рамо, за прв пат во историјата на клубот, странец кој има ТИКВЕШКО срце и кавадаречки менталитет, лидерски дух, фанатик во ракометот и вистински предводник на својата генерација“, го пофалија од РК Тиквеш својот капитен потврдувајќи ја информацијата за потпишувањето на новиот договор.

Се вчитува...