Најдобрата гимнастичарка на денешницата и една од најдобрите воопшто во историјата на овој спорт, Симон Бајлс не запира во барањето Американската гимнастичка федерација да спроведе независна истрага за огромниот скандал со систематското злоставување на младите гимнастичарки за кое е виновен повеќегодишниот доктор на тимот, Лари Насар.
Тој веќе е осуден за злоставување на над 250 девојчиња и доби доживотна затворска казна. Бајлс не и прости на Американската гимнастичка федерација ниту на испратената роденденска честитка.
„Како би било да ме изненадите и да ја направите вистинската работа со една независна истрага“ – одговори Бајлс на честитката од Федерацијата.
how about you amaze me and do the right thing… have an independent investigation https://t.co/58Gc9QUk76
— Simone Biles (@Simone_Biles) March 14, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА