Симона Халеп до титула во Рим без борба, Каролина Плишкова го предаде финалето

Симона Халеп е новата шампионка на Рим. Таа без многу борба дојде до титулата на италијанскиот Мастерс откако противничката и бранителка на трофејот, Каролина Плишкова порди повреда го предаде мечот. За Халеп ова е 22. титула во кариерата.

Дека Плишкова нема да може да се бори во финалето стана јасно многу рано во мечот, таа очигледно имаше повреда на ногата па Халеп воведниот сет го доби за само 20 минути со 6-0. Плишкова се обиде да игра во вториот сет, дури доби е еден гем, но потоа реши да се повлече.

За Симона Халеп ова е трета титула во кариерата на турнирите на земја, а е само прва на Мастерсот во Рим. Таа го подобри скорот во меѓусебните пресметки со Плишкова на осум победи во 12 одиграни дуели.

Се вчитува...