Симона Халеп е првата финалистка во Мадрид

Романската тенисерка Симона Халеп се пласираше во финалето на ВТА премиер турнирот во Мадрид, откако за нешто повеќе од два часа игра ја совлада Швајцарката Белинда Бенчиќ со 2-1 по сетови 6-2, 6-7(2) и 6-0.

Актуелната шампионка на „Ролан горас“ подобро го започна натпреварот и за само 29 минута игра го освои првиот сет со 2-6. Вториот сет донесе вистинска борба на теренот. Швајцарката почна да игра одлично и по едночасовна битка, го освои тај-брејкот со 7-2 и го израмни резултатот.

Сепак, третиот сет изненадувачки лесно 6-0 го доби Романката и се пласираше во финалето на турнирот во главниот град на Шпанија, каде ќе се сретне со подобрата од второто полуфинале меѓу Американката Слоун Стивенс и Кики Бертенс од Холандија.

Се вчитува...