Симона Халеп против Серена Вилијамс во осминафиналето во Мелбурн

Водечката на ВТА листата и прва носителска на грен-слемот Австралија Опен, Симона Халеп се пласираше во осминафиналето на турнирот откако се справи со една половина од семејството Вилјамс.

Ја победи Венус во дуелот од третото коло со 2-0 во сетови дозволувајќи и само шест гема. Во дерби мечот на осминафиналнат фаза, Романката ќе се соочи со многу поопасната сестра Вилјамс, Серена.

Дуелот на големите фаворитки доаѓа релтивно рано поради тоа шо Вилијамс е пониско рангирана на турнирот. За пласманот меќу шеснаесетте најдобри, Серена забележа лесна победа во два сета над Дајана Јастремска.

 

Се вчитува...