Симона Халеп прва полуфиналистка на Вимблдон

Романската тенисерка Симона Халеп е првата полуфиналистка во женска конкуренција на Вимблдон, откако во четвртфиналето со 2-0 (7-6 и 6-1) ја совлада Кинеската Шуај Жанг.

Романката лошо го отвори мечот, откако по пет гема имаше негатива од 4-1. Сепак, во продолжението успеа да се консолидира и да го одведе сетот во тај-брејк кој го доби со 7-4. Во вториот сет само рутински го приведе мечот за ново полуфинале на неофицијалното светско првенство во тенис. Во полуфиналето таа ќе игра со подобрата од мечот меѓу Украинката Елина Свитолина и Каролина Мучова од Чешка.

Се вчитува...