Симоне Инзаги е избран за најдобар тренер во Серија А

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги е прогласен за најдобар тренер во Серија А оваа сезона, соопшти раководството на италијанскиот шампионат.

Наградата ја додели жирито на директорот на спортските медиуми кој го оценуваше секој тренер врз основа на технички и спортски критериуми, квалитетот на играта на нивните тимови, како и нивното однесување на натпреварите.

Инзаги со Интер во актуелната сезона убедливо ја освои титулата шампион на Италија, а на коло пред крајот на првенството има 19 бода повеќе од второпласираниот Милан.

Тој во досегашната кариера покрај Интер беше тренер и на Лацио.

Се вчитува...