Симоне Инзаги: Лацио има квалитет за да се бори за „скудетото“

Лацио игра одлично, оствари триумф (0-1) на гости против Парма и се доближи само на еден бод негатива до лидерот Јувентус. Тренерот на „лацијалите“, Симоне Инзаги, задоволен од новиот успех најавува дека неговиот тим има квалитет да се впушти во битката за „скудетото“ со актуелниот првак Јувентус и со Интер.

„Бевме цврсти и организирани во одбраната, постигнавме гол во вистински момент. Можеби недостигаше втор погодок за порано да го решиме мечот, но трите бода се тука, а овој тим на Лацио има квалитет да се бори и за шампионската титула“, изјави Симоне Инзаги по победата над Парма.

Лацио во следното коло го дочекува Интер на „Олимпико“ во Рим.

Се вчитува...