Симeоне пред Интер: Ќе го водам овој тим еден ден

Вечерва Атлетико Мадрид игра против Интер во 5. коло во групната фаза во Лигата на шампионите, а во центарот на вниманието беше Диего Симеоне. Аргентинецот како играч настапвуаше и за двата тима, а сега долго време е на клупата на шпанскиот тим.

Со Интер Симеоне го освои Купот на УЕФА, а овој клуб и натаму му е во убави сеќавања.

„Можам себе да се замислам како тренер на Интер. Мсилам дека тоа ќе се случи во иднина. Не зависи тоа само од мене, но мислам дека ќе се случи“, изјави Симеоне и со тоа предизвика лавина реакции.

Некои ова го окарактеризираа како дополнителен притисок кон Кристијан Киву, сегшниот тренер на Интер пред меѓусебната пресметка. Договорот на Симеоне со Атлетико истекува во 2027 година.

Се вчитува...