Симоновиќ се врати во Црвена Звезда – Ниту едно место на светот не е како дома (ВИДЕО)

Искусниот крилен кошаркар Марко Симоновиќ се врати во Црвена Звезда. Поранешниот капитен на „црвено-белите“ по трет пат во кариерата ќе го облече дресот на белградскиот тим. Претходно, во Звезда беше од 2013 до 2014 и од 2015 до 2017 година. Во периодот поминат во Звезда двапати ја освојуваше АБА лигата, а во три наврати српската лига и националниот куп. Симоновиќ минатата сезона беше член на Цедевита Олимпија, која во јануари го испрати на позајмица во Уникаха Малага.

 

Се вчитува...