Симоновски на излезна врата од МЗТ Скопје

МЗТ Скопје минува добро на резултатски план, но финансиските проблеми на актуелниот првак се повеќе земаат замав, па се најавува дека Марко Симоновски најдоцна до крајот на годинава ќе си замине од таборот на „металците“.. Нуни Омот си замина од „семејни причини“, но уште тогаш се „шушкаше“ дека кошаркарот од Кенија се решил да го напушти МЗТ поради неисплатените плати од стартот на сезоната.

Според последните информации, по негови стапки се очекува да тргне и македонскиот репрезентативец Симоновски. Тој настапи на последниот лигашки меч со ФМП, но не беше во комбинација на вчерашниот натпревар од АБА2 со Широки Бријег.

Став на кошаркарот е дека долговите треба што поскоро да му бидат подмирени, па за очекување е во најскоро време да биде постигнат договор, да бидат исплатени парите што му се должат, но потоа и да се прекине соработката. Играч со квалитетите на Симоновски сигурно без проблеми ќе најде нов ангажман во Првата лига, но „металците“ ќе загубат значаен играч во ротацијата токму во пресрет на клучниот дел од сезоната.

Се вчитува...