Симоновски осми на 200 метри – грбно на Централното Европско првенство во Романија

Македонскиот пливач Антониј Симоновски ги заврши своите настапи на Централното Европско првенство за кадети кое во моментов се одржува во Тарговиште, Романија.

Симоновски во дисциплината 200 метри – грбно, заврши на 8. место со испливано време од 2:20.08 минути.

Во дисциплината 100 метро – грбно, пак, македонскиот репрезентативец на крајот стигна до десеттото место со време од 1:03.99 минути, во конкуренција на 13 пливачи кои стартуваа во оваа дисциплина.

Се вчитува...