Симоновски: Сакамe побрзо да го дознаeмe противникот во финалето

МЗТ Скопје е првиот финалист во кошаркарското првенство на Македонија, откако во полуфиналната серија со максимални 3-0 го победи Гостивар. Марко Симоновски вели дека имаат доста време да се фокусираат и да се подготват за финалето.

„Имаме доволно време да се фокусираме и да се подготвиме за финалето. Се надевам дека ќе заврши побрзо полуфиналната серија меѓу Работнички и Блокотехна, бидејќи лично сакам што побрзо да дознаам кој ќе ни биде противник во финалето“, вели Симоновски. 

Симоновски додава дека неколкуте дена одмор повеќе одлично ќе им дојдат поради напорната сезона која што ја имаа, а во финалето му е сеедно кој ќе биде противник.

„Поради напорната сезона малиот одмор ќе ни дојде одлично за да ги консолидираме редовите и да се подготвиме тактички подобро за финалето. Сеедно е кој ќе ни биде противник во финалето, бидејќи ние ќе ја играме нашата игра и ќе дадеме максимум за да го освоиме трофејот“, заврши Симоновски. 

Се вчитува...