Симоновски стрелец за Дрита, но елиминирани од Феенорд (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач Марко Симоновски беше стрелец за косовска Дрита, но неговиот тим доживеа елиминација во второто коло од УЕФА Конференциската лига по поразот од 3-2 на гостувањето против Феенорд.

Дрита, во чии редови настапи и Цуцули а од клупата е предводена од Ардијан Нухиу, имаше извонредна предност од 1-2 на полувремето, но Феенорд дојде до неопходниот триумф во вториот дел со пресврт.

Симоновски беше стрелец на првиот гол за Дрита во 12. минута за израмнување во тие моменти на 1-1, а Фазлиу во 16. минута погоди за водство од 1-2.

Се вчитува...