Симонс повторно одби да соработува – Филаделфија парично го казни

Филаделфија 76 парично го казни Бен Симонс со 360.000 долари поради пропуштање на мечот со Детроит Пистонс. Како што пренесува ЕСПН, раководството на франшизата ќе продолжи парично да го казнува кошаркарот се додека тој одбива да ги исполнува своите обврски.

Од „фрашизата“ се подготвени да му понудат помош, бидејќи тој сам во неколку ситуации напомена дека психички не е подготвен да игра. Бидејќи 25-годишникот одби соработка со лекарскиот тим, клубот одлучи финансиски да го казни.

И без помошта на Симонс, Филаделфија е одлична на стартот на сезоната и има скор од 7-2.

 

 

Се вчитува...