Силекс за противник ја доби косовска Дрита во второто квалификациско коло од Лигата на Европа. Тренерот Горан Симов е задоволен од ждрепката, велејќи дека најважно е што се избегнати клубови како Шериф Тираспол и Астана.
„Извлековме добар противник со кој можеме да се надигруваме. Одлично е што успеавме да ги избегнеме фаворитите Астана и Шериф Тираспол. Квалитетот на Дрита е сличен на македонските тимови. Во тимот настапуваат Ардијан Цуцули и Изаир Емини кои играа во нашиот шампионат, а од клупата ги води Ардијан Нухиу кој е поранешен тренер на Шкупи. Ќе ги анализираме и ветувам дека моите фудбалери ќе дадат максимум“, изјави Симов.
Согласно одлуката на УЕФА, како што е познато, и во оваа рунда елиминација ќе се игра само по еден натпревар. Кратовци ќе бидат домаќини, а натпреварот се игра на 17. септември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА