Симов: Нема време за плачење, Силекс оди понатаму

Силекс загуби на домашен терен од Беласица со 0-1 во меч од 12. коло во Првата фудбалска лига на Македонија. Иако во текот на целиот меч тимот од кратово доминираше на теренот една акција во 87. минута беше доволна за гостите да дојдат до полн плен. Тренерот на кратовци, Горан Симов вели дека нема време за плачење и дека веднаш се насочуваат кон следниот меч.

„Бевме подобар противник во текот на целиот меч. Навистина овој пат среќата не беше на наша страна. Доминиравме во првото полувреме, а Беласица имаше само една шанса од контра. Слично беше и во второто полувреме и тие успеаја да не казнат. Одиме понатаму, нема многу време за плачење. Се подготвуваме за следниот меч против Пелистер“, изјави Симов. 

 

Во следното коло Силекс следната недела во Битола ќе му гостува на Пелистер.

Се вчитува...