Симов: Нијанси ќе го одлучат победникот

Прволигашот Силекс ќе ја пречека косовска Дрита во мечот од второто квалификациско коло во Лигата на Европа. Тренерот на кратовци, Горан Симов, потенцира дека овој пат ги посакала среќата и успеале да извлечат тим со кој може да се надигруваат.

„Не очекува тежок натпревар. Колку немавме среќа со Карабах во ЛШ, толку сега ни се насмевна среќата бидејќи извлековме тим со кој можеме да играме. „Тодор Проески“ и за нас е гостински терен бидејќи ние играме во Кратово. Очекувам неизвесен натпревар кој може да трае повеќе од 90 минути. Моето прво правило е да дадеме максимум, па потоа нека победи подобриот“, вели Симов. 

Симов додава дека има мали проблеми со повреди, но се надева дека сите ќе бидат подготвени за утрешниот меч.

„Здравствениот билтен е добар, Има неколку фудбалери кои се ровити, но ќе бидат подготвени за мечот. Гроздановски и Ѓоргиев имаат мали повреди, но се надевам дека ќе бидат подготвени за утрешниот натпревар“, заврши Симов. 

Натпреварот кој ќе се игра за арената „Тодор Проески“ во Скопје е закажан за утре со почеток во 20 часот.

Се вчитува...