Симов: Силекс покажа победнички менталитет, презадоволен сум од победата

Силекс излезе од резултатската криза и во финишот на есенскиот дел од сезоната игра се подобро и подобро. Тие во 14. коло во Кратово успеаја да го совладаат најтрофејниот македонски клуб Вардар.

Тренерот на кратовци Горан Симов е презадоволен од победата и од тоа што неговиот тим покажал карактер и во моментите на игра со фудбалер помалку.

„Првото полувреме помина во израмнета игра и ние и Вардар имавме по неколку полушанси. Црвениот картон дојде во незгоден момент за нас, но покажавме вистински победнички менталитет. Во вториот дел нападнавме иако имавме играч помалку и таа храбра игра ни донесе гол. Сепак, многу сум задоволен што успеавме 40 минути во вториот дел да одолееме на притисокот на Вардар и да стигнеме до многу важни три бода за нас“, изјави Симов. 

Силекс во следното коло од ПМФЛ во недела и гостува на Ренова.

Се вчитува...