Симов: Силекс сака да ги почувствува емоциите во ЛШ, Карабах е одличен тим и фаворит

Македонскиот претставник во Лигата на шампионите, тимот на Силекс, вечерва го одржа официјалниот тренинг на стадионот во Баку во пресрет на утрешниот меч против Карабах, во воведното квалификациско коло од елитното европско клупско натпреварување. По повеќе од две децении, кратовци се повторно дел од квалификациите во ЛШ, а тренерот Горан Симов вели дека за него и за фудбалерите особено важно е да ги почувствуваат емоциите што ги носи настапот во европската елита.

„Ова е големо искуство за младиот тим на Силекс. Пред некое време мислевме на опстанок во македонскиот шампионат, а сег добивме шанса да играме во квалификациите за ЛШ. И сакаме да ги почувствуваме емоциите што ги носи ова големо европско натпреварување. Ние имаме млад тим, Карабах е голем фаворит, но нема лесно да се предадеме. Противникот има фудбалери кои се репрезентативци во своите држави, а ние дојдовме да го оствариме нашиот сон. Ние сме дел од Лигата на шампионите. Не би го прогнозирал резултатот, може да биде 0-0, 0-5 или 0-7, ќе им кажам на момците да уживаат во секој момент“, изјави тренерот на Силекс во пресрет на утрешниот меч во Баку.

Се вчитува...