Синер: Австралија опен е посебен турнир за мене

Италијанецот, Јаник Синер стигна до својата прва гранд-слем титула откако денеска во трилер финале во кое имаше и негатива од два сета успеа да слави над Данил Медведев со 3-2 по сетови (3-6,  3-6, 6-4, 6-4 и 6-3).

По мечот младиот Италијанец изјави дека турнирот во Мелбург за него е посебен.

„Ова е посебен турнир за мене. Благодарен сум на мојот тим кој е тука во боксот, но и на тие дома во Италија. Се трудевме да се подобруваме од ден на ден, да бидеме посилни, психички. Ме бодревте, бевте со мене, не беше лесно, но ви благодарам на сите“, изјави Синер. 

Се вчитува...