Бранителот на титулата на Австралија Опен, Италијанецот Јаник Синер без никакви проблеми славеше во 3. коло на грандслем турнирот во Мелбурн.
Синер во три сета, со 6-3, 6-4 и 6-2 славеше против Американецот Маркос Џирон, за осминафинале на турнрот.
Но, во двете денешни италијанско-американски пресметки, за Американците се реваншираше Бен Шелтон, кој со 6-3, 3-6, 6-4 и 7-6 го победи 15-от светски тенисер, Италијанецот Лоренцо Муцети.
Шелтон во осминафиналето ќе се соочи со францускиот ветеран Гаел Монфилс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА