Синер без проблеми во 1/8 финалето на Вимблдон

Првопласираниот на АТП листата Јаник Синер, со 3-0 го совлада шпанскиот тенисер Педро Мартинез и се пласираше во 1/8 финалето на Вимблдон.

Италиајнецот доминираше во текот на целиот меч, и во сетови со 6-1, 6-3 и 6-1 успеа да се пласира во следната фаза. Синер во следната фаза го чека подобриот од дуелот Григор Димитров – Офнер.

Таму е и неговиот сонародник Коболи, кој со 3-0 го совлада Менсик од Чешка.

Се вчитува...