Јаник Синер импресивно го стартуваше атакот на трофејот на Ролан Гарос, лесно славејќи на својот прв дуел на францускиот гранслем. Италијанецот за ривал го имаше Клемен Табур од Франција (171. место на АТП-листата) и мина на теренот два часа, првиот сет го доби со убедливи 6-1, а во вториот му препушти три, а во третиот четири гејма на противникот, за максимални 3-0 и пласман во следната рунда.
Противник на првиот носител во второто коло ќе му биде Аргентинецот Черундоло, кој славеше на својот премиерен меч над Британецот Фирнли со 3-0 во сетови.
Камерон Нори го заврши експресно настапот во Париз предавајќи го поради повреда дуелот со Парагваецот Валјехо. Циципас стигна до второто коло откако неговиот ривал Милер го предаде мечот при 6-2, 3-0 за грчкиот тенисер.
Ролан Гарос заврши предвреме за петтата носителка на женскиот турнир, Џесика Пегула. Американката поведе со 1-6 во првиот сет со Кимберли Бирел (83. место на ВТА-листата), но потоа дојде до голем пад што противничката го искористи за да слави со 2-1 во сетови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
