Јаник Синер го совлада Новак Ѓоковиќ во 2. коло од АТП турнирот во Торино со 1-2 во сетови. Во драматичен меч кој траеше повеќе од три часа, Италијанецот носен и од домашната публика успеа да слави триумф откако го доби вториот тај брејк на мечот.
Првиот сет за нешто помалку од 1 час му припадна на Синер со 7-5. Во вториот имаше резултатска “нишалка”, ниту еден изгубен сервис за во тај брејкот поуспешен да биде Ѓоковиќ. И во третиот сет имаше тај брејк во кој Синер се реваншираше добивајќи го со убедливи 7-2 за голема победа.
Во следното коло Ѓоковиќ ќе игра против Хуркаш, додека Синер треба ќе оди на дуел со Руне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА