Јаник Синер вчера по пласманот во третото коло на Вимблдон објасни зошто се снашол подобро од сите негови колеги кои имале проблеми со допингот. Да потсетиме, светскиот рекет број 1 двапати беше позитивен на Индијан Велс 2024 година, но се извлече со само тримесечна суспензија. А исто така се согласи да ја одлежи казната кога ќе му одговара, да не прескокнува ниту еден гранд-слем.
Утврдено е дека Синер не е виновен, но дека клостеболот во многу минимална количина, само милијардити дел од грамот, влегол во неговото тело бидејќи фитнес тренерот му купил лек па кога го масирал без ракавици му ја внел забранетата супстанца во телото.
„Благодарение на парите што ги имам, успеав да ангажирам подобар адвокат. Останатите тенисери немаа толку пари. Не добив ниту една привилегирана позиција, едноставно мојот адвокат подобро си ја вршеше работата од другите. Знам дека и претходно имало контроверзни одлуки, но мојот случај беше детално анализиран неколку пати и секогаш се докажуваше мојата невиност“, изјави Синер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА