Синер ќе му биде ривал на Алкараз во финалето во Рим

Моментално најдобриот тенисер на светот Јаник Синер, обезбеди пласман во финалето на АТП турнирот во Рим, откако вечерва го совлада Томи Пол со 2-1 во сетови 1-6, 6-0 и 6-3.

Италијанецот имаше лош влез во мечот, а тоа го искористи тенисерот од САД за да дојде до предност. Тоа како да го изнервира Синер, кој во вториот сет го „збриша“ противникот и го доби сетот со 6-0.

Синер продолжи во ист ритам и во третиот одлучувачки сет. Поведе со 3-0, и кога се чинеше дека има контрола, сепак, Пол врати со брејк и дојде до 3-2. Меѓутоа Синер потоа врати со нов брејк за 4-2, и до крајот ги доби сите гемови во своја корист на свој сервис за победа.

Во финалето Синер ќе ги одмери силите со Карлос Алкараз кој претходно избори финале со победата над Музети.

Се вчитува...