Магнус Норман, тренерот на Стан Вавринка се до оваа недела, од почетокот на новата сезона ќе се грижи за формата на Јаник Синер. Така, барем според тврдењата на британскиот весник „Тајмс“, конечно е ставена точка на прашањето кој ќе го замени Дарен Кејхил на позицијата главен тренер на најдобриот тенисер во светот (титула што тој ќе ја држи уште неколку дена).
Австралиецот уште одамна го најави своето заминување, но постоеја многу шпекулации дека тој повторно би можел да се предомисли, како што тоа го направи минатата година. Пред само неколку дена, италијанските медиуми ја споменаа можноста двајцата да продолжат со соработката се до Ролан Гарос, со оглед на тоа што Синер ќе мине половина година надвор од терените, па би можеле да го надоместат тој период.
Исто така, се ширеа гласини дека Кејхил би можел да биде заменет од Хуан Карлос Фереро или други врвни стручњаци, но се чини дека потрагата е завршена и дека еден од тенисерите кои доминираа во последните години ќе биде предводен од шведскиот тренер.
Вавринка оваа недела во Базел го игра последниот турнир во својата кариера. Вечерва негов прв противник е Јиржи Лехечка, па без оглед на тоа како ќе заврши ова натпреварување, следната недела тој заминува во пензија, а Норман останува без ангажман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
