Јаник Синер сосема очекувано не го криеше задоволството од големата победа во полуфиналето на Австралија Опен над најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, и пласманот во своето прво гренд-слем финале во кариерата.
Знае Синер дека ова е негова најголема победа во карерата…
„Секако дека е моја најголема победа, кога играм против него. Знаев дека ќе биде тежок меч, но ете се одеше во моја корист денеска, и навистина сум среќен“ – вели Синер, и дополни:
„Имав голема привилегија минатата година кога игравме двапати во десет дена. Тогаш научив многу работи од него, и сега се обидов да играм што поопуштено, но и да имам добар план. Верувам во себе и тоа многу ми помага на мечевите. Ние од помладата генерација сме среќни што имавме можност да играме покрај Ѓоковиќ, да гледаме како тренира, да учиме директно од него. Се надевам дека и Рафа ќе се врати. Роџер немав шанса никогаш да го гледам. Мојот процес не е готов. Среќен сум поради моето прво гренд-слем финале, но знам дека можам уште многу да напредувам“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА