Синер: Прифаќам одговорност за постапките на мојот тим

Ударна вест во светот на тенисот е тримесечната суспензија на италијанскиот тенисер Јаник Синер кој во моментот е на првата позиција на светската листа.

Суспензијата доаѓа поради позитивни допинг тестови по Индијан Велс во март претходната година. Тестовите беа позитивни на Клостебол, супстанца која 23-годишникот даде образложение дека не ја внесол во телото свесно, туку станува грешка на неговиот тим. Синер ја прифати суспензијата, но одново даде дознаење дека тој не е виновен.

„Случајот „ми виси над глава“ година дена. Долготрајниот процес требаше да биде завршен со одлука на крајот на годината. Секогаш прифатив дека сум одговорен за својот тим и ги прифаќам строгите правилата на ВАДА, кои се битна заштита за спортот кој го сакам. Според тоа ја прифаќам и одлуката за тримесечна суспензија“, изјави Синер.

Се вчитува...