Јаник Синер на пресконференцијата за медиуми по триумфот во полуфиналето од Ролан Гарос над Новак Ѓоковиќ ја прокоментира и изјавата на српскиот тенисер кој може да го одигра и последниот меч на мастерсот во Франција.
Италијанскиот тенисер се надева дека тоа нема да биде случајот бидејќи Ѓоковиќ му е потребен на тенисот на кој му дава некоја друга димензија во однос на младите играчи.
„Се надевам дека тоа не е случајот бидејќи чувствувам дека му е потребен на тенисот, со него имате некој различен од младите играчи. Од мое гледиште убаво и неверојатно е да го гледате во соблекувална бидејќи има неверојатна енергија. Го видов како тренира вчера или пред два дена. Прецизен е во се што прави. Тој е првиот пример за нас. Но, ако тоа е случајот, среќен сум што бев дел од ова, дел од историја. Се надевам дека нема да замине во пензија. Рече „можеби“, па никогаш не знаете“, изјави Синер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА