Синер со крвава патика во маратонски меч до триумф на Вимблдон

Јаник Синер многу потешко од очекувањата ја мина првата пречка на Вимблдон, славејќи со 3-2 во сетови над Миомир Кецмановиќ, дуел на кој српскиот тенисер имаше предност од 0-1 и од 1-2 во сетови, но првиот носител сепак најде сили да стигне до посакуваниот триумф.

За одбележување е дека Италијанецот повторно се соочуваше со проблеми, па на десната патика можеа да се забележат огромни флеки од крв. И покрај тоа, Синер стисна заби и одигра најдобро кога беше најважно, славеше со 6-2 во четвртиот, потоа и со 6-3 во петтиот сет и се пласираше во втората рунда, каде го очекува Португалецот Боргес, кој моментно се наоѓа на 48. место на АТП-листата.

Настапот на Вимблдон во првото коло го заврши Рубљов, кој неочекувано загуби со 2-3 во сетови од сонародникот Роман Сафјулин, кој моментно се наоѓа на 132. место на АТП-листата. Елиминиран на самиот старт беше и Каспер Руд, кој загуби со 0-3 од Хуркаш.

На женскиот дел од турнирот, Наоми Осака славеше со 6-1, 7-5 на дуелот со Французинката Жакемо, Пегула беше подобра од Видманова со 2-0 во сетови, додека Остапенко славеше со 2-1 над домашната тенисерка Дарт.

Се вчитува...