Синер со мали проблеми на стартот на мастерсот во Мадрид

Најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер потешко од очекуваното го стартуваше настапот на АТП мастерс турнирот од серијата 1000 кој се игра во шпанскиот главен град, Мадрид.

Италијанецот во второто коло на турнирот во шпанската престолнина славеше со 2-1, по сетови 6-7, 6-1 и 6-4 против францускиот тенисери Бенжамин Бонзи. Бонзи одигра одлично во првиот сет кој го доби во тај-брејк, но немаше сила за ништо повеќе понатаму.

Во третото коло Синер за протвник ќе го има данскиот квалификант Елмер Молер.

Се вчитува...