Синер: Тажно е за тенисот што Алкараз нема да игра на Ролан Гарос

Нов сопственик на пехарот ќе добие престижниот тениски турнир во Париз, Ролан Гарос по веста дека шпанскиот тенисер и бранител на трофејот Карлос Алкараз, го откажа учеството поради повреда на зглобот на раката.

Шпанскиот ас беше принуден да го откаже учеството, каде што требаше да го „брка“ својот трет трофеј по ред. Претходно ќе го пропушти и мастерсот во Рим.

Најголемиот ривал на Шпанецот, италијанскиот тенисер Јаник Синер го коментираше ова откажување на Алкараз на Ролан Гарос.

„Тоа е многу тешко. Тажно е за тенисот, Карлос е бранител на титулата, а јас сум негов ривал. Ова се лоши вести. Му посакувам што побрзо да се опорави, се надевам дека ќе настапи на Вимблдон“, изјави Синер.

Се вчитува...