Италијанскиот тенисер Јаник Синер доживеа колапс на Ролан Гарос и собори негативни рекорди.
Синер имаше резултат од 2-0 и 5-1 во третиот сет против Хуан Мануел Серундоло, но потоа започнаа физички проблеми, од кои не можеше да се опорави.
Во последните 20 години, само еден светски тенисер број еден е поразен во второто коло на Гренд слем турнир.
Тоа му се случи на Рафаел Надал во 2023 година на Австралија Опен, кога загуби од Макензи Мекдоналд. Тоа беше почетокот на крајот на големата кариера на Шпанецот.
Патем, Серундоло, 56. тенисер во светот, стана најниско рангираниот тенисер што го победил светскиот број еден на Ролан Гарос од 1998 година. Претходно, Рамон Делгадо (97) го победи Пит Сампрас.
Исто така, за прв пат од 2000 година и времето на Андре Агаси и Пит Сампрас, не се случи да нема двајца од најдобрите тенисери во светот во третото коло на Ролан Гарос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
