„Синер ќе биде незапирлив во 2024 година“

Италијанскиот тенисер Јаник Синер добива пофалби од сите страни по одличниот настап на Австралија Опен каде во полуфиналето го прегази Новак Ѓоковиќ, а потоа и со голем пресврт од 0-2 до 3-2 славеше во големото финале над Данил Медведев за првиот грен-слем трофеј на овој турнир.

За Италијанецот сега говореше Ник Кирјос кој изјави дека во играта на младиот тенисер има огормен напредок и дека 2024 година ќе биде година на Јаник Синер.

„Јаник сега ќе биде незапирлив. Уште на крајот на годината кога го победи Новак во Торино, а потоа и на Дејвис купот, помислив дека ова момче ќе има што да каже во 2024 година и ќе затропа на големата врата. Многу напредна, пред се подобро сервира, а ги поправи и другите удари. Но, во тоа што забележа најголем напредок е играчката зрелост и тоа со 22 години. Неверојатно е како ја подигра играта кога се најде пред пораз во финалето“, вели Кирјос.

Се вчитува...