„Синер во 2024 година ќе го прати Ѓоковиќ во пензија“

Најдобриот италијански тенисер во опен ерата, Адријано Паната одамна докажа дека не е некој кој го сака Новак Ѓоковиќ.

Федерер повеќе не е на теренот, Ѓоковиќ одамна го надмина резултатски, а сега Паната се сврте кон Јаник Синер како главен адут на неговата негативна кампања против Новак.

„Јаник може да стане ноќна мора за Ѓоковиќ. Ако Јаник го победи Ѓоковиќ два или три пати во 2024 година, може да го турне кон пензија. Така Џон Мекинро го одведе Бјорн Борг во пензија, а потоа Борис Бекер го направи истото со Мекинро. Историјата честопати се повторува во циклуси и не учи многу“, изјави Паната. 

Паната е единствен италијански гранд-слем победник во опен ерата откако славеше на Ролан Гарос во 1976 година.

Се вчитува...