Синер во три сета подобар од Медведев за финале во Торино

Италијанскиот тенисер Јаник Синер се пласираше во финалето на завршниот АТП Мастерс во Торино, победувајќи го во првата полуфинална пресметка Русинот Данил Медведев.

Во меч во три сета, Синер кој ја имаше поддршката на домашната публика дојде до победата од 6-3, 6-7(4) и 6-2.

Медведев откако го доби вториот сет имаше проблеми со мала повреда, па имаше и медицински тајм-аут, а сето тоа умешно го искористи Синер кој целосно доминираше во третиот сет и со феноменална игра сосема заслужено дојде до победата.

Синер во финалето ќе игра со подобриот од второто полуфинале меѓу Ѓоковиќ и Алкараз кое се игра вечерва од 21 часот.

Се вчитува...