Синер загуби сет, но не дозволи сензација во Шангај

Италијанецот Јаник Синер се пласираше во осминафиналето на АТП мастерс 1000 турнирот кој се игра во кинескиот Шангај.

Италијанскиот тенисер во 2. коло беше подобар од Аргентинецот Себастијан Баез со 2-1 по сетови 3-6, 6-3 и 6-2. Во осминафиналето Синер за противник ќе го има Американецот Бен Шелтон.

Пласман во осминафиналето обезбедија и Каспер Руд и Андреј Рубљов.

Се вчитува...