Синиша Михајловиќ го почнува лекувањето

Еден ден порано од предвиденото, Синиша Михајловиќ замина во болница на одделението за хематолигија каде што ќе ги почне третманите за лекување на леукемијата. Болоња објави дека Михајловиќ го одржал зборот и се пријавил во болницата еден ден порано од догвороениот термин.

На прес конференцијата на која објави дека боледува од тешката болест, тренерот на Болоња рече сака што побрзо да почне со терапиите.

„Сакам што побрзо да одам во болница, затоа што колку порано почнам, толку порано ќе завршам“ – рече Михајловиќ.

Информацијата Болоња ја објави испракајќи порака за силна поддрша на тренерот.

„Во напад од првиот момент, како што вети. Со тебе сме. Напред Синиша“ – стои ви објавата на официјалната страница на Болоња.

Во саботата на прес конференција, Синиша Михајловиќ објави дека боледува од леукемија, а медицинскиот тим на Болоња објасни дека се работи за акутен облик на болеста кој бара агресивен третман.

Се вчитува...