Синиша Михајловиќ повторно во болница

Тренерот на калчолигашот Болоња, Синиша Михајловиќ примен е на институтот за хематологија, Серањоли, пренесуваат италијанските медиуми. Тој е хоспитализиран како би бил изложен на антивирусна терапија која наводно му е потребна по трансплатацијата на коскената срцевина.

Здравствените работници за медиумите во Италија изјавија дека должината на неговиот престој во болницата треба да биде пократка од претходните случаи. За потсетување Синиша Михајловиќ на крајот на минатата година го заврши просецот на хемотерапија, откако му беше дијагностицирана леукемија. Тој имаше голема поддршка од раководството на Болоња, кое во ниту еден момент не размислуваше да ја прекине соработката со српскиот стратег.

Се вчитува...