Синот Душан е инспирацијата на Борко Ристовски (ФОТО)

Голманот на Вардар, Борко Ристовски имаше едно од најдобрите изданија во клупската кариера. Беше пресуден за пласманот на Вардар во финалето од деветтото издание на Ф4 турнирите во СЕХА лигата.

Тој беше најзаслужен за пресвртот и нерешениот исход, а потоа со две одбрани во изведувањето пенали го провлече Вардар до финална пресметка со Веспрем утре вечер во кој македонскиот првак би можел да го освои седмиот регионален трофеј.

Успехот, Борко Ристовски во емотивна објава на социјалните мрежи  го посвети на синчето Душан.

„Убаво е чувството кога ќе помогнете на екипата да стигне до едно финале. Меѓутоа мојата душа и се што правам е за мојата најголеме поддршка, Душан. Те сакам сине “ – напиша Борко на инстаграм

 

 

Се вчитува...