Роко Шимиќ е најголемото откровение по првото коло од новата сезона во Лигата на Шампионите, откако хрватскиот ас блесна во дресот на Салцбург предводејќи ја својата екипа до голем триумф од 0-2 на гостувањето против Бенфика. Шимиќ го постигна првиот гол на мечот, а потоа несебично асистираше при погодокот за 0-2, со што овој 20-годишен суперталент уште еднаш покажа дека станува збор за огромен потенцијал за кого неслучајно се интересираат бројни клубови ширум Европа.
Роко е син на прославениот хрватски фудбалер Дарио Шимиќ, кој сега е прв човек на Динамо Загреб. Дарио своевремено стана европски првак со Милан, а Шимиќ јуниор не ја крие гордоста што дочека да заигра на еден меч во Лигата на Шампионите.
„Бескрајно сум горд, прво поради победата на екипата, потоа и поради голот што го постигнав. Пред 16 години мојот татко ја освои Лигата на Шампионите, а денеска јас победив на еден меч од ова натпреварување. Чувството е посебно, навистина посебно. Се беше совршено, одигравме одличен меч од почеток до крај и ја победивме големата Бенфика“, изјави Роко Шимиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА